Цртежи, песни и проза на Џон Ленон, направени за неговите книги “In His Own Write” и “A Spaniard in the Works” ќе бидат понудени на аукција следната седмица. Британскиот издавач Том Машлер, во чија сопственост се наоѓа половина век, одлучил да ја продаде својата колекција. Аукциската куќа Сотби соопштила дека станува збор за најголемата приватна колекција на дела на Ленон која се појавила на пазарот.

Меѓу најинтересните предмети е колекција од 89 стрип цртежи на момчето со шест птиви кои се појавиле во “A Spaniard in the Works” во 1965 година. Цртежот е искористен и 30 години подоцна за насловната стана на песната “Free as a Bird” која Ленон ја напишал во 1977 година.