Кадилак од 1941 година, кој бил произведен специјално за војводата и војвотката од Виндзор, ќе се најде на аукција на 21 ноември во Њујорк, соопштила аукциската куќа Сотби. Наречена „Војвотка“, елегантната лимузина имала розе седишта, четири прегради за накит и три заплки за цигари. Како што пренеле агенциите, луксузниот автомобил бил проценет на 500 до 800 илјади долари.
Кадилакот на војводата му бил испорачан бед хотелот Волдорф Асторија, каде парот имал апартман. Несудениот британски крал за тој автомобил, кој бил прв кадилак со завтоматско спуштање на прозорците и сатенски завеси, на Џенерал Моторс му платил 14 илјади долари. Сегашниот сопственик, познат колекционер на кадилаци од Алабама, го пронашол во еден амбар во Тексас, каде стоел покрај трактор.