Електрична гитара на која свиреле Џон Ленон и Џорџ Харисон на врвот на славата на Битлси ќе се најде на аукција во сабота во Хард Рок кафе во Њујорк, а се очекува да достигне цена помеѓу 200 и 300 илјади долари. Гитарата направена по мерка че биде главна „ѕвезда“ на аукцијата „Музичка икона“.

Харисон оваа гитара ја користел додека ја вежбал нумерата “I am the Walrus”, а Ленон додека го снимал спотот за “Hello, Goodbye”. Гитарата Ленон во 1967 година му ја подарил на инженер во „Ејпл Рекордс“ Јани Мардас. Во соопштението на аукциксата куќа Џулиенс било наведено дека ова е единствена прилика во нечија сопственост да дојде еден од најретките спомени на Битлс.