Џозеф Доброни, човекот кој 40 години ги чувал ни малку секси гаќите на кралицата Елизабета II неодамна починал. Поради тоа неговото семејство одлучила гаќите и некои други предмети да ги продаде на аукција. Се претпоставува дека би можеле да достигнат цена од 9000 долари како и оние кои биле продадени 2008 година.


Англиската кралица сеуште не ги коментирала овие настани, иако е неспорно дека гаќите и припаѓаат неа, бидејќи го имаат автентичниот кралски грб извезен на нив. Нив наводно во 1968 година ги оставила во авион враќајќи се од службен пат во Чиле. Наскоро после тоа доспеале во посед на баронот Џозеф доброни. Тој поголемиот дел од својот живот го минал во Калифорнија.