Фустанот, кој неодамна починатата британска соул пејачка Ејми Вајнхаус го носела на омотот на албумот “Back to Black”, ќе биде продаден на аукција чии приходи ќе одат во добротворни цели.  Аукцијата ќе биде одржана од лондонската аукциска куќа „Кери Тејлор“.


Од аукциската ќуќа изјавиле дека она што фустанот го прави толку посебен е тоа што го симболизира магичниот глас и инзвонредниот талент на пејачката кои одзвонуваат во срцата на цела една генерација. “Back to Black” бил издаден во 2006 година и бил втор албум на Ејми, која со него освоила пет Греми награди.