Оригинални фотографии од потонатиот брод Титаник наскоро ќе се најдат на аукција во Њујорк, благодарение на едно семејство преживеани патници. Семејството на Џон и Неле Снајдер, брачен пар кој го преживеал потонувањето на бродот, одлучило да стави на аукција досега невидени фотографии од тој брод.


Парот ја преживеал несреќата враќајќи се од меден месец. Џон тогаш имал 24, а неговата сопруга 23 години. Интересно е тоа што на фотографиите се забележува ледениот брег во кој удрил бродот. Архивата на семејството вклучува и писмо во кое Џон опишува како биле разбудени од удар и како животот го должи на неговата сопруга која иако поспан го наговорила да испитаат што се случува.