Необјавени рани фотографии во боја на членовите од групата Битлси од нивната прва турнеја во САД ќе се најдат на аукција во Велика Британија на 22 март, точно 50 години откако го издале својот прв албум, соопштила аукциската куќа „Омега“. Фотографиите биле снимени во 1964 година за време на турнејата по САД, во време кога филмовите во боја биле скапи и кога повеќето фотографии на бендот биле црно-бели. Колекцијата од 65 слајдови содржела многу фотографии од сцената, вклучувајќи го и Џорџ Харисон со неговата легендарна црвена гитара.
Меѓу слајдовите има и портрети снимени од близина кои биле направени на прес конференцијата во хотелот „Лас Вегас Сахара“. Биле снимени од др. Риберт Бек, кој починал во 2002 година и ги оставил во својата архива на фотографии и слајдови во својата куќа во Холивуд.