Првиот автомобил на Џон Ленон “ferari330 GT cupе” од 1965 година, во јули ќе се најде на аукција во Англија, а би можел да достигне цена од 220 илјади фунти, соопштила аукциската куќа „Бонамс“. Ѕвездата на Битлси синото ферари го купил откако положил возачки испит во 1965 година, во периодот кога бендот од Ливерпул го снимил својот хит сингл “Ticket to Ride”.
Ленон, кој тогаш имал 24 години, го купил автомобилот за 6500 фунти и го возел три години пред да го продаде. Се очекува автомобилот да достигне цена помеѓу 180 и 220 илјади фунти. Од аукциската куќа било соопштено дека музичарот избрал ферари помеѓу Мацерати, Астон Мартин и Јагуар кои му биле понудени од страна на продавачите на овие луксузни автомобили кога слушнале дека музичарот го положил возачкиот испит.