Една од најголемите грутки злато пронајдени во поновата историја во Северна Каролина наскоро ќе се најде на аукција. Се очекува дека грутката, тешка близу три килограми, ќе достигне цена од 350 илјади долари. Грутката ќе биде претставена на јавноста во вторник на Есенскиот саем на антиквитети во Сан Франциско.
Според пишувањата на американските медиуми, сопственикот на овој скапоцен камен побарал неговото име и местото каде грутката била пронајдена да останат во тајност. Прилично големата грутка злато е откриена минатиот јули во планините во округот Бјут, според што и го добила името, „Butte nugget“.