Двата приватни авиони на Елвис Присли, од кои едниот е опремен со позлатено лавабо и плишан оддел за спиење, ќе бидат понудени на лицитација, најавила калифорниската аукциска куќа Џулиен. Се очекува авионите „Лиза Мери“ и “Haund Dog II”, чија внатрешност кралот на рокенролот ја дизјнирал сам, да достигнат цена од 10, односно 15 милиони долари. Леталата, кои повеќе не се во оперативна состојба, последниве 30 години биле изложени во Грејсленд, имотот на Присли во Мемфис. Присли пупил авион од типот “Konver 880” во 1975 година, две години пред смртта за 250 илјади долари и го нарекол „Лиза Мери“ по својата ќерка.
Славниот рокер потрошил повеќе од 300 илјади долари како би ја средил внатрешноста на авионот кој го опремил со спална соба, соба за состаноци, бар и видео систем поврзан со четири ТВ приемници. Во леталото, кое било обоено во црвено-сино-бела боја, со слоганот на Присли “TCB” (Takin’Care of Buisiness) на опашот, може да се сместат 28 патници. Другиот авион, наречен по еден од неговите најголеми хитови “Haund Dog II”, го купил истата година за 900 илјади долари. Најмногу сакал да лета навечер, на висина од 4800 метри.