Колекција од досега невидени фотографии на Мерлин Монро, и правата на нивно користење, ќе се најдат на аукција во Лос Анџелес. Аукционерот Дарен Џулијен рекол дека повеќе од 100 фотографии на холивудската дива ќе бидат понудени на продажба на 31 март и 1 април. Фотографиите се дел од колекцијата на Ален Вајти Снајдер, личниот шминкер на Мерлин Монро.
На една од фотографиите се гледа Снајдер како ја шминка Мерлин Монро облечена по долна облека на сетот на снимањето на филмот “Ајде да се сакаме“ од 1960 година. Писма, телеграми и држач за пари, кој Монро му ги подарила на човекот која ја шминкал 15 години, ќе бидат ставени на аукцијата која ќе носи назив „Холивудски легенди“. На истата аукција ќе бидат и предмети на Френк Синатра, Џејмс Дин, Чарли Чаплин и други.