Австриската галеријата Фишер, ова лето на аукција ќе ја понуди докторската диплома од Алберт Ајнштајн, која славниот научник ја стекнал на математичкиот факултет на универзитетот во Цирих.
Својата докторска диплома на тема „Одредување на молекуларните димензии“, Ајнштајн ја стекнал во 1906 година во својата 26 година. Подоцна Ајнштајн доби и Нобелова награда за физика, за откритие на полето на фотоелектрични ефекти.
Најпознат е по теоријата на релативитет и формулата „E=MC2“.
Почетната цена на неговата диплома ќе биде 20.000 швајцарски франци.