Дијамантот „убавиот Санси“ стар 400 години, еден од најстарите дијаманти на светот, наскоро ќе се најде на аукција во „Сотби“. Дијамантот од 34,98 карати, кој досега се наоѓал во приватна сопственост, би можел да достигне цена од четири милиони долари. До аукцијата во Женева закажана за 14 мај, дијамантот ќе биде изложен во Париз, Лондон и Цирих. Дејвид Бенет од „Сотби“ рекол дела станува збор за единствена продажба на дијамант со фасцинантна историја. Кога во 16 век бил исечен во форма на крушка, тоа бил нов и смел начин на сечење на дијамантите, и така станал најбараниот скапоцен камен на своето време. Пред „Убавиот Санси“ сите дијаманти биле рудиментирани.

Славата на дијамантот била толку голема што во 1604 година францускиот крал Анри IV го купил од првиот сопственик, лордот Санси, за својата сопруга Марија де Медика, една од најбогатите жени во Европа. После убиството на кралот, кралицата осиромашила и била принудена да го продаде дијамантот кој бил пронајден во рудник во Индија. Дијамантот минал низ рацете на четири европски кралски семејства, а неговите последни сопственици се потомци на последниот цар на Германија.