Десет фустани инспирирани од принцезите од цртаните филмови на Дизни ќе бидат ставени на аукција на 13 ноември во Лондон. Организаторот на лицитацијата, аукциската куќа Кристи, навела дека оваа ексклузивна колекција ја креирале некои од најголемите модни дизајнери на денешнината како Валентино, Оскар де ла Рент и Ели Саб.

Почетната цена на фустаните е 3000 фунти, а целиот приход од аукцијата е наменет за реновирање на детската болница Грејт Ормонд во Лондон. Компанијата дизни веќе со години финансиски ја поддржува оваа здравствена институција. Самиот Волт Дизни ја посетил во 1951 година.