Три пара чевли кои актерката Сара Џесика Паркер ги носела во популарната серија „Сексот и градот“ ќе се најдат на хуманитарна аукција. Акцијата ќе започне на 24 април, а чевлите кои ќе ги донира актерката и кои се автентични од серијата се Прада сандали со платформа, Долче Вита чевли со висока потпетица како и сандали “Jonathan Kelsey”.

На аукцијата исто така ќе се најде облека на Бритни Спирс, Мадона, Мајли Сајрус, Џенет Џексон, Еминем… Чизмите кои Елвис Присли ги носел на еден повратнички настап во Лас Вегас и кои исто така ќе се најдат на аукцијата, ги донирал еден негов пријател.