Автобусот кој Елвис Присли го користел на своите турнеи ќе биде понуден на аукција која на 16 мај ќе се одржи во Хард Рок кафето во Њујорк. Како што пренесуваат агенциите, се очекува возилото на кралот на рокот да достигне цена помеѓу 100 и 200 илјади долари. Купувачот ќе добие и копија од чек на 25 илјади долари кој Елвис го напишал кога го купувал автобусот.

 

Автобусот „MCI Crusader“, кој располага со девет кревети, бил наменет за пратечките вокали на Елвис, членовите на бендот „Take Care of Busines“. Меѓу останатите предмети кои ќе се најдат на лицитацијата е и автомобилот “stutz blackhawk” од 1971 година. Луксузниот двосед би можел да достигне цена од 400 до 600 илјади долари.