Канадските археолози во заливот на канадскиот дел од западен Арктик го пронашле бродот “HMS Invesigator” кој 1853 година заглавил во мразот во текот на потрагата по експедицијата на Сер Џон Френклин во северозападниот премин. Известиле дека бродот бил во исправена положба и дека е во добра состојба. Водата на местото каде го пронашле била длабока 11 метри.


Бродот е само еден од многуте кои била испратени во потрага на Сер Френклин. Роберт МекКлари во 1850 година впловил во теснец и бродот му заглавил во мразот. Екипажот презимил на бродот, и во текот на летото се обиделе да одпловат, но не успеале поради предебелиот слој на мраз. Екипажот на Арктикот бил три зими, а арехеолозите изјалвиле дека на бродот пронашле и неколку смрзнати тела на морнарите.