Македонскиот народен тетар-МНТ, на 31 јули во вторник, во рамките на  „Охридско лето“ на Античкиот тетар премиерно ќе го прикаже мултимедијалниот проект „Соларис“.

Станува збор за грандиозен проект, нешто што досега не е видено на овие простори, ни изјави директорот на МНТ Сашо Миленковски. Сцената која се подготвува специјално за  преставата е најголема во историјата на македонскиот театар, вели Миленковски.


на Антички се подготвува големата сцена

Во претставата играат петмина млади актери – Димитрија Доксевски, Борче Начев, Даниела Стојковска, Благица Трпковска и Драгана Костадиновска. Ќе настапат оперските пејачки Славица Петровска-Галиќ, Ана Ројдева и Александра Лазаревска и балерините Сузана Гошевска и Татјана Адам.

„Соларис“ е грандиозен проект кој беше во најтесна конкуренција и да го отвори годинашново „Охридско лето“, и претставува огромно задоволство што премиерата се случува токму овде,  вели директорот на фестивалот Тони Симоновски.


„Соларис“ премиерно ќе биде изведена на 31 јули

Соларис по Охрид ќе има свое прикажување и во Скопје на плоштадот Македонија, по што во  септември МНТ со оваа претстава ќе замине на повеќемесечна турнеја низ Европа.

Мики Трајковски