Најновиот македонски игран филм „Стапица“ во режија на Аљоша Симјановски премиерно ќе биде прикажан вечерва на Античкиот театар во Охрид во 21 ч.
„Стапица“ е семјна драма која обработува една загадочна тема, многу актуелна денеска. Се работи за убиство кое се случува на лов, а главните актери, жртвата и убиецот чекорат заедно еден до друг.
Филмот всушност зборува за политичката репресија: „Во царството на злото подеднакво страдаат и господарите и жртвите“.
Актерстката екипа ја сочинуваат: Петре Арсовски, Славиша Кајески, Мими Таневска, Жаклина Стефкова, Бранко Ѓорчев, Наташа Наумоска, Данчо Чеврески, Бијан Серафимовиќ, Билјана Драгиќевиќ, Марија Кондовска и Салаетин Билал.
ohridnews