Зоран Милевски го нокаутираше бугарскиот колега  Јавор Маринчев во најинтересната борба што во рамките на кик бокс спектаклот се одржа синоќа на Античкиот театар во Охрид.

Со оваа борба Милески обезбеди пласман меѓу првите десет на Балканот.


од кик бокс спектаклот на Антички

Македонскиот репрезентативец Милевски како боксер во кариерата во 76 мечеви има 57 победи 5 нерешени и 14 порази. Во кик-боксот Милевски на 38 меча забележал 28 победи, а во ултимејт фајт во кратката кариера има пет борби на кои забележал исто толку победи.


Милески(десно) пет од пет во ултимејт борбите

На спектаклот “Борба на гладијатори“ во Охрид беше промовиран  новиот професионален ринг кој со 15.000 евра го обезбеди  Агенцијата за млади и спорт.


новиот ринг беше „сефтосан“ на Античкиот тетар во Охрид

Покрај неколкуте борби познатиот Урко (телохранителот на премиерот Груевски) имаше фасцинантна  демонстрација на боречки вештини.

Горан  Момироски
фото: Бојан Секулоски