Група австралиски истражувачи откриле под слоевите мраз на Антартикот авион од 1911-та година и било утврдено дека се работи за еден од првите авиони на светот. Авионот едносед е првиот примерок произведен во британската компанија Викерс осум години откако браќата вајт го извеле првиот лет. Интересно е што истражувачот Даглас Моусон не можел со неа да долета на Антартикот бидејќи тоа било невозможно.
Го транспортирал на Јужниот Пол за да му служи како трактор за влечење санки. Авионот во 1939-та го оставил во базата на една експедиција, а оттогаш останал заробен во мразот. Благодарение на брзото топење на мразот последниве години, авионот бил пронајден и ќе биде транспортиран во Австралија.