На тренерот на ГРК Охрид Горан Андоновски му се слоши на пред почетокот на второто полувреме од натпреварот со Бутел што се игра во салата Билјанини извори. Веднаш интервенираа спортските лекарски екипи и присутни доктори во салата, по што Андоновски беше изнесен кон соблекувалните. Од тука тој превентивно е пренесен во болница за дополнителни прегледи.

Екипата на ГРК Охрид во второто полувреме од натпреварот со Бутел ја води помошникот тренер Наум Бабачев.

Охрид има високо водство во текот на целиот натпревар.

Г.М.