На Граничниот премин„Ќафасан“ на влез во Р.Македонија, на 29-ти август, било лишено од слобода 41-годишно лице Албанија, затоа што за истиот имало распишана меѓународна потерница од Интерпол-Виена, со цел екстрадиција во Австрија за сторено кривично дело-“вооружен грабеж“.

Истиот бил изнесен пред Основното јавно обвинителство Струга и предаден на Основниот Суд Струга.

Од страна на судот одредена му е мерка екстрадиционен притвор во траење од 30 дена, по што е предаден во Казнено поправната установа “Затвор Охрид“.

OhridNews