Најдобриот македонски стендап комичар и полуфиналист на светското првенство во креативен хумор Никола Тодороски, на 9-ти февруари, четврток, гостува во „Мезе бар 10“.
Никола ќе се претстави со нов материјал, специјално подготвен за оваа пригода.
Шоуто на Никола Тодороски во „Мезе бар 10“ започнува во 21 часот.
Влезниците во претпродажба чинат 150 денари, а на денот на настанот 200 денари и може да се набават во „Мезе бар 10“.
Местата се ограничени!
Препорачана возраст 16+
OhridNews