На 9 мај се очекува да продолжат натпреварите во германската Бундес лига. Мечевите во најсилната лига во Германија беа прекинати поради пандемијата на коронавирусот.

Германскиот весник „Шпигел“, пренесува дека мечевите ќе се играат без публика за да се почитуваат мерките од властите кои забранија јавни собири до 31 август.

Фудбалската федерација на Германија на 41 страница поднесла извештај до минестерството за здравство за тоа како ќе изгледаат натпреварите во продолжението од сезоната.

На теренот екипите нема да излегуваат заедно, нема да има поздравување пред натпревар, нема да има деца заедно со фудбалерите како и клупски маскоти. Фотографирање пред натпревар нема да има, а ограничен ќе биде бројот за новинарските лица на стадионот.

Хотелите во кои ќе престојуваат играчите ќе бидат строго контролирани.

До крајот на сезоната во Германија остануваат уште девет рунди. Лидер на табелата е Баерн Минхен. Второпласиран е тимот на Борусија Дортмунд со 51 бод, додека третопласиран е Лајпциг со 50 бодови.

OhridNews

Бундес лигата продолжува во мај, посебни мерки и правила за судиите