Во Македонија утре ќе се спроведат четвртите претседатески и локални избори.
Партиите и независните учесници на утрешните избори имаа 20 дена за претставување пред гласачкиот електорат.
Во Охрид ќе се гласа на 73 избирачки места, а право на глас имаат 53 893 граѓани.
Во општина Дебрца 5 533 гласачи ќе го остварат своето избирачко право во вкупно 28 избирачки места.
На државно ниво, во избирачкиот список се запишани 1 792 082 граѓани кои ќе гласаат на 2 976 избирачки места. Избирачкиот список беше ставен на јавен увид 15 дена, од 20 јануари до 3 февруари кога увид извршиле 195 323 граѓани, што е пат пати повеќе од 2008 година кога тоа го направиле 39 165 гласачи.
Први денеска ќе гласаат болните и изнемоштени лица, затворениците и внатрешно раселените лица.
Ohridnews