Австралијанката Сју Олдам наводно е најстарата личност која го препливала Ла Манш. Ова и било втор пат да го преплива каналот кој ги спојува Британија и Франција. Првиот пат тоа го сторила кога имала 61 година.


Тогаш исто така била настарата личност која го препливала каналот, но наредната година таа титула и била превземена. Во понеделникот тоа го сторила по втор пат и тоа за 17 часа, 31 минута и 11 секунди. Најавила дека барем уште еднаш ќе се обиде да го повтори истиот подвиг.