Од 6-ти до 11-ти јули, Балканскиот фестивал на народни песни и игри ќе го одбележи 52-то годишно реномирано издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот, на која афирмираат културните достоинства на народоите.

Како што вели организаторот, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид,  програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите, ќе придонесат овој фестивал да биде застапен во каталогот на ИОВ најзначајни фолкорни манифестации во светот.

Во рамките на фестивалот се одржуваат и изложби кои секогаш биле блиски на ориентацијата на фестивалот.

Инаку, изминативе години на Балканскиот фестивал се презентирани околу 50.000 пејачи, играорци и инструменталисти од Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Австрија, Италија, Турција, Кипар, како и од Франција, Шпанија, Холандија, Германија, Русија, Молдавија, Полска, Чешка, Словачка, Белгија, Шведска, Данска, Финска, Велика Британија, Австралија, САД, Канада, Мексико Малезија, Коста Рика, Нигерија и други.

Фестивалот е под покровителство на Собранието на Република Македонија, а програмата е поддржана од Министерството за култура и пријателите на фестивалот.

OhridNews