Охридскиот Народен Театар, на 5-ти и 6-ти јуни ќе ја изведе претставата “Малограѓанска Свадба” од Бертолд Брехт, во режија на Дејан Пројковски.

Претставата, која се игра пред ограничен број публика, почнува во 20 часот, а цената на билетот е 250 денари.

Улогите ги толкуваат: Петар Мирчевски – таткото на невестата, Горан Стојановски – Јакоб, младоженецот, Јасмина Билаловиќ – Марија, невестата, Јулијана Стефанова – Мајката на младоженецот, Адријана Билаловиќ – Ина, сестра на невестата, Ивица Цонев – Пријател на младоженецот, Билјана Билаловиќ – Еми,жената, Стрезо Стаматовски – нејзиниот маж и Никола Тодороски – Ханс Милднер, младичот.

Музиката е на Горан Трајковски, клавир  – Емилија Маринова, труба и хармоника Ѓоко Алоски и клариенти Ацо Тасески и Даниел Танески.

OhridNews