На 5 897 вработени во Министерството за внатрешни работи кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2021 година, денес ќе им биде исплатена бонус плата во поединечен нето износ од 28.718 денари (463 евра), информираа денеска од МВР.
За оваа намена од Буџетот на МВР издвоени се 188.167.373 денари, средства, се наведува во соопштението, обезбедени со домаќинско и планско работење.
Досега, вклучувајќи ја и бонус платата за 2021 година, исплатени се пет бонус плати со вкупна вредност од 561.773.133 денари односно 9.060.857 евра.
OhridNews