сцена на Долни Сарај

Од 05.07.2023 - 20:30 до 09.07.2023 - 20:30

Со целовечерен концерт на ансамблот „Танец“ на 5 јули почнува 62-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“.

На свеченото отворање на фестивалот свое обраќање ќе имаат директорот на Центарот зa култура, Горан Симоноски, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, како и потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски.

Традиционално пред почетокот на концертот, учесниците на меѓународната фолклорна манифестација ќе продефилираат низ охридската чаршија.

На сцената на Долни Сарај до 9 овој месец, љубителите на фолклорот ќе имаат можност да погледнат настапи на ансамбли и културно-уметнички друштва од државата, но и од Словенија, Полска и САД.

Во рамките на програмата предвидено е отворање на изложбата на фотографии на традиционални носии „Од Љубанишча до Дебор” од авторот Љупчо Милошевски на 4 јули со почеток во 20 часот во Центарот за култура, а влезот е слободен.

Најстарата фолклорна манифестација на Балканот се одржува под покровителство на Собранието на Република Северна Македонија.

OhridNews