Изборната кампања започнува на 4-ти март, а ќе заврши на 22-ри на полноќ, известуваат од Државната изборна комисија. Вчера вечер, ДИК го усвои роковникот за извршување дејства, со што започна течењето на роковите од денот на објавување во Службеник весник.

Најдоцна до 26-ти јануари, комисијата ќе достави барање до опозицијата за членовите во избирачките одбори, за што треба да добие одговор до 31-ви овој месец, за да на 1-ви февруари да се формира Избирачките одбори.

Јавниот увид во избирачкиот список ќе биде можен во подрачните одделенија и месните канцеларии од 26-ти овој месец, па се до 9-ти февруари. Инаку, списокот ќе биде заклучен на 24-ти февруари на полноќ.

OhridNews