На 30 септември свечено ќе биде отворен планинарскиот дом во село Брежани. Со реконструкција старата училишна зграда е преадаптирана во планинарски дом кој располага со 10 легла,  тоалети, кујна и заеднички простории.

Реконструкцијата е во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од ЕУ, Програма за прекугранична соработка со Република Албанија и Министерството за Локална самоуправа на Република Северна Македонија.

За градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, реализацијата на проектот е во директна корелација со визијата Дебрца да прерасне во високорангирана природна и културна туристичка дестинација.

Настанот ќе се одржи во село Брежани, Општина Дебрца со почеток од 11:30 часот.

OhridNews