Општина Охрид традиционално и годинава ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците:

-ул.„Ариф Мустафа“
-ул. „Махмуд Рифат“
-ул.„Бистрица“
-ул„Шар Планина“
-ул„Никола Петров Русински“
-ул.„ Хаџи Мустафа“
-ул.„Сатеска“
-ул.„Васил Стефовски“
-ул„Мишо Гилиќ“
-ул.„Трајче Талески“
-ул.„Гоце Делчев“

Акцијата ќе се реализира на 3 и 4 јуни( среда и четврток) 2020год.

Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардиниери со цвеќе истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“- Охрид на 3 и 4 јуни ( среда и четврток) 2020 год. од 9 до 13 часот, а со себе да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење. Тие задолжително треба да нодат заштитни маски, и да го почитуваат задожителното растојание од 2 метри.

OhridNews