На 28- ми и 29- ти април, охриѓани ќе можат да ја проследат најновата претстава на охридскиот Народен театар, „ Вечера за глупаци“ работена според текст на познатиот француски филмски режисер, сценарист и драматург Францис Вебер, под режисерската палка на Ирена Стеријовска.
Во претставата играат Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска и Павел Маслов. За сценографијата се погрижи Стефан Спировски, а за костимите Ана Кркулевска.
Почеток на претставата е во 20 часот. Цена на билетот е 100 денари.
OhridNews