Медијаторот на ОН, Метју Нимиц по неколку месеци пауза треба да седне на преговарчка маса со преговарачите за името, Зоран Јолевски од македонска страна и Адамандиос Василакис од грчка страна. Од Министерството за надворешни работи, други детали не соопштуваат.
Државниот врв во последните свои обраќања порача дека очекуваат идната година да се реши спорот за името. И професорот Димитар Мирчев во последното интервју за Радио слободна Европа порача дека очекува оваа година да се стави крај на спорот меѓу двете земји.
Последните средби меѓу двајцата преговарачи и медијаторот Нимиц беа во минатата година кога медијаторот беше во Скопје и Атина.