Во втората половина од јуни месец и со згуснат распоред, ќе продолжат фудбалските збиднувања во шпанската Ла лига.

Шпанците, кои претрпуваат големи човечки и финансиски загуби од пандемијата на вирусот Ковид -19, не се подготвени порано да ја рестартираат сезоната.

Од Ла лига планираат да се играат две рунди неделно и сезоната да заврши на 26 јули. УЕФА, даде рок ,првенствата да завршат до 3 август за нормален почеток на следната сезона.

Лидер на табелата во шпанска фудбалска елита е Барселона со 58 бодови. Второпласиран е Реал Мадрид со 56 бодови, а третото место го зазема Севиља со 47 поени. Реал Сосиедад и Гатефе ја делат четвртата позиција со идентичен број на бодови (46) додека шестопласиран е Атлетико Мадрид.

Во борбата за опстанок, Еспањол е последен на табелата со 20 бодови. Легањес е 19-ти со 23 бодови, а Мајорка со 25 бодови се наоѓа на 18-та позиција. Селта Виго со 26 поени е на 16-та позиција која обезбедува опстанок во Шпанија.

OhridNews