На 20 октомври Управниот одбор на Боксерската федерација на Македонија ќе одржи проширена седница на која ќе се разгледа актуелната состојба во македонскиот бокс.

Репрезентативниот бокс го допре дното откако не учествуваше на Европското првенство, а автоматски го загуби правото за настап на Светското првенство и Олимпијадата во Рио 2016 година.

Во случај УО на БФМ да не одржи собраниет тогаш клубовите кои се најмногу засегнати од новите случувања ќе го направаат сами.

Се очекува да се најде решение за долгогодишното тонење на македонскиот бокс, а се најавуваат и промени во раководните структури.

Ohridnews