„Мезе бар 10“ на љубителите на добриот хумор им најавува нова доза смеење и квалитетна забава со најдобриот македонски стендап комичар и полуфиналист на светското првенство во стендап Никола Тодороски.

На 2-ри март, четврток, Никола во „Мезе бар 10“ ќе се претстави со нов материјал, специјално подготвен за оваа пригода.

Шоуто на Никола Тодороски во „Мезе бар 10“ почнува во 21 часот.

Влезниците во претпродажба чинат 150 денари, а на денот на настанот 200 денари и може да се набават во „Мезе бар 10“.

Местата се ограничени!

Препорачана возраст 16+

OhridNews