Здружението на работници со над 25 години работен стаж и нерегулиран статус, на 18 февруари ќе протестира пред Владата и Собранието на Република Македонија. Ова е одуката на собранието на здружението, а резултат на незадоволството од законската рамка.
Со законот за материјално обезбедување на невработени лица од претпријатија со доминантна државна сопственост, ние сме изманипулирани. За некого важи,а за некого не, и тоа е дискриминаторски однос“, изјави претседателот на здружението, Иван Николоски.
Законот со важност од 1 јануари 2000 до 31 декември 2004 година е сега на разгледување на Уставен суд по жалба на Унијата на здруженија на работници со над 25 години работен стаж и нерегулиран статус.
Ohridnews