На 16- ти мај учениците од четврта година во охридската гимназија „ Св. Климент Охридски“, заминуваат на матурската екскурзија во Италија, дестинација која беше одбрана по извршената анкета меѓу учениците.
Екскурзијата ќе се реализира преу струмичката агенција „ Атлантис“ која беше избрана како најповолен понудувач од страна на комисијата за спроведување на постапката,а по објавениот оглас за прибрање на понуди.
Во рамки на шестдневната екскурзија во Италија учениците ќе ги посетат градовите Рим, Пиза, Фиренца Венеција. На екскурзијата се планира присуство на околу 190 ученици, девет професори-осум класни раководители, директорот на училиштето и доктор.
OhridNews