За неполни десет денови, официјално, на фудбалска сцена ќе се вратат натпреварите од германската Бундес лигата. Челниците на најквалитетната лига во Германија го одредија распоредот и сатниците откако добија зелено светло од канцеларката Ангела Меркел.

Мечевите во Бундес лигата ќе продолжат на 16 мај. Традиционално, првите натпревари ќе се одиграат во 15 часот и 30 минути. Фудбал ќе има в недела и в понеделник, кога ќе се комплетира 26-та рунда.

Германија ќе биде прва земја која ќе го врати спортот откако беше запрен поради пандемијата на коронавирусот.

Распоред

Сабота

(15:30ч) Аугсбург – Волфсбург,  Хофенхајм – Херта, Лајпциг – Фрајбург, Дортмунд – Шалке 04, Фортуна Дизелдорф – Падеборн
(18:30ч) Ајнтрахт Франкфурт – Менхенгладбах
Недела

(15:30ч) Келн – Мајнц
(18:30ч) Унион Берлин – Баерн Минхен

Понеделник

(20:30ч) Вердер Бремен – Баер Леверкузен

OhridNews