Тринаесет годишната индијка Сушма Верма запишала мастер студии по микробиологија, а нејзиниот татко го продал сиот имот за да ја исплати првата рата.
Верма изјавила дека поради жртвувањето на нејзините необразовани родители, успеала да матурира на 7 години, а основните студии по биологија ги завршила на 13 години.
Таа живее со уште 3 браќа и сестри во една соба во градот Лукнау во Индија, а нејзиниот татко успеал да ја испрати на факултет со плата од $100 долари месечно кои ги заработува како градинар и со $400 долари кои ги добил продавајќи имот од 930 метри квадратни.