Едно тринаесетгодишно момче од Калифорнија има намера да се искачи на Монт Еверст, и ако успее во тоа ќе стане најмладиот човек кој го освоил највисокиот врв. Во походот ќе тргне со својот татко и неговата девојка кои се планинари. Тоа го планирал од својата седма година, кога на слика ги видел седумте највисоки врвови на светот.


Оттогаш започнал да тренира со својот татко. На десет години успеал да се искачи на Килиманџаро, а во меѓувреме совладал уште четири високи врвови, вклучувајќи го и Маунт Меккинли на Аљаска. Најмладиот човек кој се искачил на Монт Еверест е непалецот Темба Тсери, на кој тоа му пошло од рака кога имал 16 години.