Новинарите на 11 декември повторно ќе се обидат да одржат собрание на кое треба да го изберат новиот Претседател на Здружението на новинари, најави денеска сеуште актуелниот претседател на ЗНМ, Роберт Поповски.
 
Регистрацијата на членството на самиот ден на собранието е предвидено да се одржи од 9 до 10 часот, за во 10 часот собранието да започне со работа. Зачленувањето кое е се уште во тек, ќе биде овозможено до 3-ти декември (петок) до 15 часот.
       
Изборното собрание на здружението на новинари на Македонија на кое требаше да се избере претседател, членови на управниот одбор, на надзорниот одбор, и на советот на честа минатата сабота беше одложено .

OhridNews