Охридскиот хард рок состав „Backdoor band“ со пријателите, „Паркети“ – Битола, „SMOKE SHAKERS“ – Кавадарци, „Eruption“ – Битола, и виртуозот на гитара Дамјан Пејчиноски, ќе земат учество на четвртиот „TRUCK & ROLL FESTIVAL“ во Охрид, кој ќе се одржи на 1-ви Мај.
Организаторите најавуваат и изненадување за публиката.
Учесниците традиционално ќе настапат на камион низ охридските улици, а главното збиднување ќе биде кај градското пристаниште.
Почетокот на фестивалот е закажан за 14 часот.
OhridNews