Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 1 јули ќе објави повик за поднесување електронско барање за финансиска поддршка за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година.

Поради тоа, сите заинтересирани треба навремено да ги ажурираат сите податоци запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Ажурирањето на податоците може да се изврши во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство каде е регистрирано земјоделското стопанство.

OhridNews