На Факултетот за туризам и угистителство во Охрид, на 1 и 2 септември ќе се одржи вториот уписен рок.
-Слободни места има на сите сите студиски програми, со исклучок на Царина и Шпедиција. – информираат од ФТУ Охрид.
Повеќе информации заинтересираните може да прочитаат на веб страната на факултетот.
Факултетот за туризам и угостителство во Охрид е најстарата високообразовна институција во земјава и една од најстарите во регионот која продуцира кадри од областа на туризмот и угостителството. Ги има сите три циклуси на студии, прв, втор и трет, а тука работат голем број познати и признати научни работници и истражувачи.
OhridNews