Во Тајван во четвртокот, деветти септември, во 09 часот и 09 минути, на славењето 99 години од постоењето на републиката на масовна церемонија се венчале дури 163 парови. Се одлучиле за тој број бидејќи на кинески девет има сличен изговор како зборот долговечност.
Кога стрелките на часовникот покажале точно време, паровите ги размениле прстените и се бакнале. На церемонијата присуствувал и градоначалникот на Таипеи кој на сите им честитал и им посакал среќа во животот.