Во театарот „DOLBY“ во Лос Анџелес се одржа 97-то доделување на Оскарите со голем број очекувани, но и неколку изненадувачки победници.
Апсолутен победник е филмот „Анора“ кој ги понесе признанијата за најдобар филм, најдобра актерка, режија, сценарио и монтажа. Оскарот за најдобар машки актер замина во рацете на Адриан Броди, кому ова му е втора статуетка во кариерата.
За најдобар меѓународен филм прогласен е бразилскиот „Сè уште сум тука“, додека Оскарот за најдобар документарен филм отиде кај екипата на „Нема друга земја“.
Преглед на најважните категории и победници:
Најдобар филм: Анора
Најдобра актерка: Мајки Медисон (Анора)
Најдобар режисер: Шон Бејкер (Анора)
Најдобар актер: Адриен Броди (Бруталист)
Најдобра споредна машка улога: Киеран Калкин (Вистинска болка)
Најдобра споредна женска улога: Зои Салдања (Емилија Перез)
Кинематографија
Најдобро оригинално сценарио: Шон Бејкер (Анора)
Најдобро адаптирано сценарио: Питер Страган (Конклав)
Најдобра монтажа: Шон Бејкер (Анора)
Најдобра кинематографија: Лол Кроули (Бруталист)
Најдобар продукциски дизајн: „Wicked“
Најдобар костимографија: Пол Тејзвел (Wicked)
Технички категории
Најдобар звук: Дина 2 дел
Најдобри визуелни ефекти: Дина 2 дел
Најдобра шминка и коса: Супстанцијата
Анимација и меѓународен филм
Најдобар анимиран филм: Flow
Најдобар меѓународен филм: Сè уште сум тука (Бразил)
Музички сегменти
Најдобра оригинална музика: Даниел Блумберг (Бруталист)
Најдобра оригинална песна: Ел Мал (Емилија Перез)
Документарни и кратки филмови
Најдобар документарен филм: Нема друга земја
Најдобар краток документарен филм: Единствената девојка во оркестарот
Најдобар краток филм: Јас не сум робот
Најдобар краток анимиран филм: Во сенката на чемпресот
Г.М.